Потврдени 22 случаи на новиот вид на коронавирус во Франција

пред 3 години

Во Франција се потврдени 22 случаи на новиот вид на коронавирус, објави Министерството за здравство.
Министерството исто така изјави дека се откриени два кластери, во Бретања и пошироката област на Париз,
со висок ризик кои се можеби поврзани со новиот вид на коронавирус кој прво беше регистриран во Велика Британија, пренесува Ројтерс.

Според последните податоци, над 2,7 милиони луѓе се заразени во Франција од почетокот на пандемијата, а починале близу 66.600 пациенти.

Share
Scroll to Top