Потпретседателката на ЕК: Путин да биде прв на листата на санкции

пред 3 години

Рускиот претседател Владимир Путин треба да биде дел од санкциите против Русија и би било погрешно да се изостави, изјави денеска потпретседателката на Европската комисија.

„Владимир Путин треба да биде прв на листата на санкции“, рече Јурова, која е и комесар за вредности и транспарентност на ЕК, пренесува Ројтерс.

„Секогаш се поставува прашањето дали тоа е дипломатска вештина или демонстрација на слабост. „Го гледам тоа како второто“, изјави претставникот на ЕУ за чешкиот весник за изоставувањето на Путин од санкциите договорени вчера од министрите за надворешни работи на ЕУ.

Share
Scroll to Top