Почна вакцинацијата во старските домови во САД

пред 3 години

На третиот ден од масовната вакцинација во САД, првите дози од вакцината стигнаа во старските домови каде коронавирусот досега одзеде 110.000 животи ширум земјата.

Прво се вакцинирани околу 2.000 корисници на домовите за стари во Западна Вирџинија, а во тек е вакцинацијата на штитениците на Флорида.

„ Се надевам дека ќе ми помогне да не добијам корона“ вели пензионираната наставничка Вера Лајп (88), од домот кај Форт Лодердејл.

Следните денови ќе се вакцинираат илјадници Американци во старските домови

Share
Scroll to Top