Почна новото судење на Навални во затворот во Москва

пред 3 години

Новото судење на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални започна во затворот со максимални безбедносни мерки источно од Москва, каде што се наоѓа критичарот на руската влада.

Навални е обвинет за измама, а во затвор е веќе една година, каде издржува претходно изречена казна од вкупно три и пол години.

Последното судење би можело да доведе до пресуда според која казната на Навални (45), доколку биде прогласен за виновен, би можела да биде продолжена за 10 години, пишува Би-Би-Си.

Навални беше приведен кога се врати во Русија во јануари минатата година, по неколкумесечно лекување во Германија поради наводниот напад со нервниот агенс „новичок“ во Сибир, за кој обвини Кремљ.

Тој беше осуден во февруари минатата година за прекршување на условната казна во случајот за проневера. Новите наводи сугерираат дека Навални украл 4,7 милиони долари од донации на неговите политички организации.

Максималната казна за кражба на донации е 10 години затвор.

Share
Scroll to Top