Шпанија во наредните денови повторно ќе ја отвори амбасадата во Киев, изјави денеска премиерот Педро Санчез во интервју за ТВ каналот „Антена 3“.
Шпанската амбасада во главниот град на Украина беше евакуирана на 24 февруари, кога руските војници започнаа специјална воена операција во таа земја, пренесува Ројтерс.
Според британската агенција, овој потег доаѓа откако неколку други европски земји, меѓу кои и Франција, неодамна најавија дека повторно ќе ги отворат своите амбасади во Киев.
Вчера италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека Италија повторно ја отворила својата амбасада во Украина и дека таа ќе биде целосно функционална од денеска.