По повеќе од една година Кина објави за нови смртни случаи од Ковид-19

пред 2 години

Две лица починале како последица на Ковид-19 во Кина, каде што последната смрт од оваа болест беше забележана во јануари 2021 година, соопшти денеска кинеската здравствена комисија.

Независните експерти се сомневаат во точноста на официјалните кинески податоци за бројот на заразени и смртни случаи, според кои последниот смртен случај од Ковид-19 е забележан на 25 јануари 2021 година.

Кинеските власти неодамна забележаа рекордни нивоа на инфекција со коронавирус од крајот на првиот бран во Вухан на почетокот на 2020 година.

Речиси 4.000 нови случаи на инфекција се пријавени во 16 кинески провинции, не сметајќи го Хонгконг.

Бројките се сè уште релативно ниски во споредба со другите земји, но поради кинеската политика на нулта толеранција за коронавирусот, властите сериозно реагираат и на помалите жаришта: масовно тестирање, ограничувања за транспорт и правила за карантин.

Share
Scroll to Top