Главната и одговорна уредничка на една од водечките белоруски независни новински организации исчезна откако полицијата извршила претрес во нејзиниот дом во текот на ноќта, објави денеска белоруското здружение на новинари.
Приватната новинска агенција „БелаПАН“ не успеала да стапи во контакт со главната уредничка Ирина Левшина, ниту со Захар Шчербаков, еден од нејзините известувачи, чиј дом исто така бил предмет на претрес, соопшти здружението.
Според агенцијата „Ројтерс“, белоруските власти водат кампања против државните медиуми, групите за човекови права и водачите на протестите против режимот на претседателот Александар Лукашенко од минатиот август, кога тој беше реизбран на избори, за кои опозициските и западните набљудувачи тврдат дека биле наместени.
Здружението на новинари објави дека најмалку 30 белоруски новинари се во затвор и дека полицијата спроведува околу 50 одделни кривични истраги против вработени во медиумите.