Одлуката на Европската комисија да и даде одобрение на Украина за статус на кандидат за Европската унија бара зголемено внимание од Москва, изјави прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува РИА Новости.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Песков, исто така, рече дека би било одлично ако европските лидери влијаат врз раководството на Украина и ги охрабруваат трезвено да гледаат на ситуацијата.
– Би било одлично ако европските лидери би влијаеле врз раководството на Украина, оние кои таму носат одлуки, да ги охрабрат трезвено да гледаат на ситуацијата. И покрај тоа што, секако, се членови на една машина, членови на колективниот Запад, сепак ја разбираат потребата од продолжување на дијалогот, изјави Песков за „Известија“.