Првиот Американец ја прими руската вакцина на Крим: Би било опасно невакциниран да патувам во САД

пред 4 години

Првиот американски граѓанин е вакциниран со руската вакцина против коронавирусот во поликлиниката на Крим, објави кримското Министерство за здравство и Министерството за информации.

„Во поликлиниката  на Детската болница во Евпаторија, граѓанинот на САД, Брус Вотс Бевен, беше вакциниран против коронавирус“, соопшти Министерството за здравство, прецизирајќи дека тој ја примил вакцината „спутник В“. Тоа е прв случај американски државјанин да прими руска вакцина на Крим, се додава во соопштението.

Бевен е сопруг на археологот Татјана Смекалова, руска државјанка која исто така беше вакцинирана против коронавирусот. Тој има 78 години и повеќе од една година живее со неговата сопруга во Евпаторија. Пред Крим, тој живеел во предградиe на Вашингтон.

„Таа (вакцината ‘спутник В’) е добра и среќен сум што успеав да ја добијам. Зошто не? Не би било безбедно да патувам во САД за да примам вакцина. Патувањето трае 24 часа. Многу е подобро да ја примам вакцината тука и сега“, изјави Бевен пред новинарите.

Вакцината „Спутник В“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.

Share
Scroll to Top