Првиот случај на инфекција со многу заразна варијанта на коронавирус, кој за прв пат беше откриен во Велика Британија, е регистриран и во сојузната американска држава Колорадо. Пациентот е момче на возраст од околу 20 години, кој не патувал надвор од земјата, и во моментов е во изолација, пренесува Би-би-си.
Државните здравствени власти соопштија дека работат на идентификување на контактите коишто ги имал и на идентификување на други потенцијални случаи на новиот вид на коронавирус.