Алехандро Мајоркас стана првиот Латиноамериканец на чело на Министерството за внатрешни работи на САД. Во исто време, Пит Бутиџиџ стана првиот министер кој отворено се прогласи за хомосексуалец.
Назначувањето на Мајоркас, синот на кубански бегалци, го потврди Сенатот со 57 гласа за и 43 против. Тој е роден во Хавана пред 61 година и ќе го води големото министерство за внатрешни работи основано по терористичките напади на 11 септември 2001 година, пренесува Ројтерс.
Мајоркас исто така ќе биде задолжен за спроведување на имиграциската политика на Соединетите држави.
Сенатот, исто така, го потврди назначувањето на Пит Бутиџиџ за прв човек на американското Министерство за транспорт со 86 гласа „за“ и „13“ против, и со тоа стана првиот прогласен за хомосексуалец во американската влада.
Бутиџиџ е поранешен градоначалник на Саут Бенд во Индијана, кој се кандидираше за номинација на демократите на претседателските избори во 2020 година.
„ Почестен сум од денешното гласање во Сенатот и подготвен сум за работа“, напиша Пит Бутиџиџ на својот профил на Твитер.