Првпат по скоро два месеци, во Кина не се пријавени случаи на локално пренесување на коронавирусот, соопшти Националната здравствена комисија.
Вкупниот број на случаи се зголеми на 14 од 12 еден ден порано. Двата нови случаи биле увезени од странство. Седум случаи биле во Шангај, а останатите во југоисточната провинција Гуангдонг.
Ова е првпат Кина да нема локален пренос од 16 декември лани, што укажува на тоа дека агресивните чекори преземени од властите успеале да го спречат ширењето на болеста.
Бројот на асимптоматски случаи, кои Кина не ги класифицира како потврдени случаи на Ковид-19, е 16.
Вкупниот број на случаи во континентална Кина е 89.706, додека бројот на починати е 4.636.