Премиерката на Естонија: Санкциите почнуваат да и’ нанесуваат штета на Европа, ќе биде тешко да се одржи единството

пред 2 години

Премиерката на Естонија, Каја Калас рече дека ќе биде тешко да се одржи европското единство како одговор на руската инвазија на Украина. Причините за тоа се инфлацијата и животниот стандард во Европа, додаде таа. Калас го критикуваше францускиот премиер Емануел Макрон за обидот, како што рече, да му даде на Владимир Путин дипломатски излез од конфликтот, пишува „Гардијан“. Калас смета дека единствениот ефект од постапката на Макрон е да го убеди рускиот лидер дека нема да биде изолиран и нема да одговара за воени злосторства.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Санкциите почнуваат да ѝ нанесуваат штета на Европа. На почетокот само на Русија и’ беше тешко поради санкциите, но сега доаѓаме до моментот кога санкциите им штетат на европските земји, но прашање е колкава штета сме спремни да направиме. Различно е во секојa земја. Единството е тешко да се одржи, тешко е поради инфлацијата и цената на енергијата. Гасот можеби е скап, но слободата е бесценета. Луѓето кои живеат во слободен свет навистина не го разбираат тоа“, рече естонската премиерка за време на посетата на Лондон.

Калас вели дека е загрижена поради предвремените повици за мир, додавајќи дека прекинот на огнот не значи дека злосторствата на окупираните територии ќе завршат.

„Веќе трипати ја направивме истата грешка – во Грузија, во Донбас и на Крим. Не смееме да ја повториме оваа грешка“, рече таа.

Макрон неодамна го повтори својот став дека Путин не смее да биде понижен и ја истакна поделеноста меѓу оние кои велат дека Путин мора да биде поразен и да се гледа како губитник и оние кои велат дека не смее да победи.

„Путин може да си го спаси образот со враќање во Русија бидејќи неговите воени сили се наоѓаат во суверена земја“, рече Калас.

Таа верува дека Путин мора да знае дека ќе одговара за воени злосторства.

Share
Scroll to Top