Џинпинг: Безбедноста не смее да се гради на принципот на несигурност во другите земји

пред 2 години

Во својот денешен говор, кинескиот претседател Шјии Џинпинг го повтори своето противење на едностраните санкции и „далекосежна јурисдикција“, но не ги спомна директно ограничувањата што Западот ѝ ги наметна на Русија во врска со воената акција во Украина.

Обраќајќи се преку видео врска на годишниот Форум Боао за Азија, на јужниот кинески остров Хаинан, Шји предупреди дека економското „разврзување“ и тактиките на притисок, како што се прекини во синџирот на снабдување, нема да функционираат.

„ Кина би сакала да покрене глобална безбедносна иницијатива која го поддржува принципот на неделива безбедност“, рече кинескиот претседател.

Тој додаде дека е неопходно да се изгради „урамнотежена, ефикасна и одржлива безбедносна архитектура“ и да се спротивстави на „градењето национална безбедност на принципот на несигурност во другите земји“.

Кинескиот претседател рече дека треба да се направат напори за стабилизирање на глобалните синџири на снабдување, но и дека кинеската економија е отпорна и дека долгорочниот тренд не е променет.

Share
Scroll to Top