Премиерот на Молдавија поднесе оставка без образложение

пред 4 години

Премиерот на Молдавија, Јон Кику, соопшти дека поднел оставка од функцијата што ја извршува.

Кику, поранешен министер за финансии, не објасни зошто донел таква одлука, пренесува „Ројтерс“.

„Разговарав со владата за неопходните чекори за одржување предвремени парламентарни избори. Ова е од суштинско значење за решавање на големите проблеми со кои се соочува земјата. Затоа си дадов оставка и ја распуштив владата“, рече кратко Кику.

Парламентот на Молдавија го изгласа за премиер во ноември 2019 година, заедно со владата составена претежно од министри кои го поддржуваат претседателот Игор Додон, кој го поддржува Москва.

Share
Scroll to Top