Претепан доктор на клиника во Белград, има сериозни повреди на главата

Претепан доктор на клиника во Белград, има сериозни повреди на главата

пред 3 години

Докторот Ж.В. (64) синоќа бил претепан на работното место во здравствениот дом во Звездара.

Полицијата веднаш приведе тројца осомничени кои физички го нападнале додека бил во ординација.

Како што е познато, Ж.В. се здобил со тешки повреди на главата. За случајот е информирано и Првото основно јавно обвинителство во Белград.

Истрагата е во тек.

Ж.В. е вработен во Одделот за ортопедија на Клиничкиот болнички центар во Звездара.

Текстот Претепан доктор на клиника во Белград, има сериозни повреди на главата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top