Претседателката на Европската комисија стана баба

Претседателката на Европската комисија стана баба

пред 3 години

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен објави на социјалните мрежи дека за првпат станала баба. Поранешната германска министерка за одбрана и мајка на седум деца, објави фотографија од неа со внуката и напиша дека ова за неа е волшебен момент.

„Горда баба“, напиша Урсула на фотографијата.

Таа не го откри името на детето ниту точниот датум. Принза само дека се работи за внука.

„Првпат во прегратка на внуката, еден од оние моменти кои ве потсетуваат на тоа што е важно во животот“, напишала таа.

Со сопругот, лекар и академик Хеик фон дер Лајен, таа има седум деца. Пред да го превземе кормилото на Европската комисија, таа водеше три разлини ресори во германската влада, одбрана, министерство за труд и семејство.

 


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top