(Фото) Новогодишната елка на Кајли Џенер собра над 4 милиони лајкови

(Фото) Новогодишната елка на Кајли Џенер собра над 4 милиони лајкови

пред 3 години

Најмладата милијардерка на светот, Кајли Џенер, објави слика од новогодишната елка и собра преку 4 милиони алјкови. Елката Кајли ја постави во холот на нејзината куќа и таа е висока скоро до таванот на вториот кат.

Ѕвездата на реалното шоу „Кардашијан“ не крие дека божикните и новогодишните празници ѝ се омилениот период од годината, па затоа не штеди на украсувањето на домот. Таа во интервју има изјавено дека би дала и милион долари за да ја има совршената новогодишна елка во куќата.

Фановите на Кајли ѝ коментираа дека се воодушевени од празничната атмосфера во нејзиниот дом, но имаше и такви кои ѝ напишаа дека елката е поголема од нивната куќа. „Поголема е и од мојата самодоверба“, стои во коментарите.

Share
Scroll to Top