Претседателката на ЕК повторно тестирана – останува во самоизолација

пред 4 години

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен доби негативен резултат од денешното тестирање за Ковид-19.

Според мерките кои важат во Белгија, таа до утре вечер ќе остане во самоизолација.

„ Резултатите се повторно негативни. Ќе останам во самоизолација до утре вечер. Ви благодарам на сите на најубавите желби“ порача Дер Лајен на Твитер.

Претседателката на ЕК претходно денеска соопшти дека е во самоизолација откако била во контакт со лице заразено со коронавирус.

Во пораката објавена на Твитер, таа наведува дека ја известиле дека на состанокот на кој присуствувала, било и лице кај кое е потврден вирусот.

„ Во согласност со правилата и регулативата, ја сум во самоизолација“ објави таа.

Share
Scroll to Top