Претседателот на Киргистан, Соронбај Женбеков, апелираше до нацијата да ги реши проблемите со политички средства и во законски рамки.
Киргистан е правна држава и сите проблеми мора да се решат во рамките на законот, а не со притисок. Ве повикувам сите да ги почитувате законите“, рече меѓу другото претседателот на Киргистан, пренесува ТАСС.
Женбеков го повика парламентот да го разгледа предлогот за премиер да се назначи Садир Жапаров, кандидат на Патриотската партија на Киргистан.