Претседателот на Јужна Кореја прими вакцина на „Астра зенека“

пред 3 години

Мун Џае-ин, претседателот на Јужна Кореја, ја прими вакцината против Ковид-19 на компанијата „Астра зенека“ пред важниот дипломатски состанок во Велика Британија.

68-годишниот Мун бил вакциниран на клиника во близина на неговата канцеларија во Сеул за да се подготви за планираната посета на Велика Британија за време на самитот Г-7 во јуни, пренесува „Ројтерс“.

Неговата сопруга и деветте соработници кои ќе го придружуваат на патувањето, вклучувајќи го и советникот за национална безбедност, Сух Хун, исто така, се вакцинирани, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

Британскиот премиер Борис Џонсон ги покани лидерите на Јужна Кореја, Индија и Австралија да присуствуваат на самитот како гости.

Според Корејскиот центар за контрола и превенција на болести (КДЦА), од почетокот на кампањата кон крајот на февруари, вакцинирани се околу 680.000 високо ризични здравствени работници и критично болни лица.

Share
Scroll to Top