Официјални лица од Русија и Белорусија не се поканети на церемонијата во поранешниот нацистички концентрационен логор во Бухенвалд, Германија, соопштија организаторите.
Со церемонијата, која ќе се одржи на 10 април, ќе се одбележи 77-годишнината од ослободувањето од логорот.
Фондацијата Buchenwald i Mittelbau-Dora Memorials објави дека наместо официјални претставници ќе бидат поканети претставници на руското и на украинското граѓанско општество. Фондацијата тврди дека околу 42.000 луѓе кои ги преживеале нацистичките злосторства живеат во Украина.