Принцот Акишино прогласен за прв наследник на престолот во Јапонија

пред 4 години

Јапонија официјално го прогласи принцот Акишино за прв престолонаследник.Неговиот постар брат Нарухито беше прогласен за император минатата година.Церемонијата по повод прогласувањето на Акишино за прв престолонаследник се одржа во намален обем, иако Јапонија успеа да избегне поголемо зголемување на бројот на нови случаи на коронавирус, како што е случај во многу други земји. Настанот најпрво беше најавен за април, но потоа беше одложен поради пандемијата, пренесува Ројтерс.

Принцот Акишино (54) пред насобраните на церемонијата вети дека одговорно ќе ги извршува своите должности.Повеќето од присутните носеа заштитни маски, што е прикажано од снимките емитувани од националната телевизија НХК.

Акишино е еден од тројцата наследници на тронот, заедно со неговиот син Хисахит (14) и принцот Хитачи (84), помладиот брат на поранешниот император Акихито, кој абдицираше минатата година.

Јапонскиот закон предвидува дека само мажите можат да го наследат тронот, така што единственото дете на Нарухито, 18-годишната принцеза Аико, не може да го наследи својот татко. Од усвојувањето на измените и дополнувањата се откажаа откако сопругата на Акишино го роди неговиот син Хисахит во 2006 година.

Сепак, дебатите за тоа како да се обезбеди стабилна сукцесија на наследниците веројатно ќе продолжат. Една опција, фаворизирана од повеќето Јапонци, е да им се дозволи на жените да го задржат својот царски статус по бракот и тие или нивните деца да го наследат тронот.

Share
Scroll to Top