Во Палатата на правдата во Белград продолжува судењето на Владимир и Милјана Кецмановиќ, родители на 14-годишниот Коста, кој го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ на 3 мај минатата година. На денешното рочиште ќе биде сослушана мајката на момчето убиец.
Станува збор за кривична постапка што ја води Вишото јавно обвинителство во Белград против семејството Кецмановиќ, а родителите се товарат за несовесно поседување оружје и за запуштање на детето.
На вчерашното рочиште беше сослушан таткото на момчето убиец, кој ги негира делата за кои се товари.
Мајката на момчето убиец дојде на судењето во Палатата на правдата и се очекува нејзиното сослушување.
Пристигнати се и родителите на убиените деца, кои подготвија прашања за родителите на Коста, кој го изврши масакрот.
На 3 мај минатата година во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар Коста уби 10 лица, односно девет ученици и чуварот на училиштето.
Текстот Продолжува судењето на семејството Кецмановиќ: денеска сослушување на мајката на момчето убиец од „Рибникар“ е превземен од МАКФАКС.