Пронајден мртов човекот кој денеска изврши четирикратно убиство во Хрватска

пред 3 години

Четирикратниот убиец од Шибеник е пронајден мртов потврди хрватската полиција. Телото е пронајдено покрај неговиот автомобил.

Хрватските медиуми кои веќе го објавија и идентитетот, тврдат дека се самоубил.

Полицијата и натаму не го соопштвуа името, а не потврдува ниту дека се работи за самоубиство. Телото било пронајдено нешто пред 19 часот.

Бранко Клопер за кој медиумите велт дека бил сопственик на пропадната компанија, беше посочен како убиец на четири лица денеска рано попладне во Шибеник и во Водице.

Според неофицијалните информации убиени се познат сопственик на трговски ланец, стечајна управничка и уште двајца мажи, нејзиниот сопруг и адвокатот.

Според тврдењата на хрватските медиуми до убиствата дошло поради нерасчистени бизнис реалции.

Според хрватските медиуми кои пренесуваат неофицијални информации, Колопер бил сопственик на пропаднатата фирма „Маткол“ од Шибеник, а имал ланец на пекари и продавници во градот.

Share
Scroll to Top