Пакистан ќе продолжи да посредува во мировните преговори меѓу САД и Иран, изјави министерот за надворешни работи Ишак Дар, според новинската агенција ДПА.
Разговорите, одржани во Исламабад со пакистански претставници како медијатори, започнаа во саботата, но завршија без договор.
„Пакистан одигра и ќе продолжи да игра улога во посредувањето во ангажманот и дијалогот меѓу Исламската Република Иран и САД во наредните денови“, рече Дар во соопштението.
„Од суштинско значење е страните да продолжат да ја почитуваат својата посветеност на прекинот на огнот“, додаде тој. „Се надеваме дека двете страни ќе продолжат во позитивен дух за да постигнат траен мир и просперитет за целиот регион и пошироко“, рече тој.
Текстот Пропаднаа преговорите; Пакистан: Ќе продолжиме да посредуваме е превземен од МАКФАКС.




