Проруските сепаратисти ги блокираа „Инстаграм“ и „Фејсбук“ во Донецк

пред 3 години

Самопрогласената проруска Народна Република Донецк (ДНР) во источна Украина денеска соопшти дека го блокирала пристапот до „Фејсбук“ и „Инстаграм“, усогласувајќи се со политиката на Русија во однос на американските социјални мрежи.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Москва ги призна ДНР и уште еден регион во источна Украина – Народна Република Луганск – како независни на 21 февруари и испрати војници во Украина три дена подоцна, наведувајќи ја како причина заштитата на рускиот народ што живее таму.

„Блокиран е пристапот до изворите на информации на американската компанија ‘Мета’, која дозволува повици за насилство врз корисници кои зборуваат руски на социјалните мрежи“, се вели во соопштението на Министерството за комуникации на ДНР.

„Поради ова, на територијата на републиката е блокиран пристапот до социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм“.

Русија ги забрани „Фејсбук“ и „Инстаграм“ во март, откако судот ја прогласи „Мета“ за виновна за екстремна активност. Москва го ограничи пристапот до „Фејсбук“ поради ограничувањата за пристап на руски медиуми на платформата.

Рускиот регулатор за комуникации го блокираше пристапот до „Инстаграм“ во март, откако „Мета“ соопшти дека ќе им овозможи на корисниците на социјалните мрежи во Украина да пишуваат пораки како „Смрт за руските окупатори“.

Share
Scroll to Top