Протести во САД: Пропалестински поддржувачи блокираа мост и упаднаа кај зградата на „Фокс Њуз“, уапсени 50 лица

Протести во САД: Пропалестински поддржувачи блокираа мост и упаднаа кај зградата на „Фокс Њуз“, уапсени 50 лица

пред 1 година

Масовни пропалестински протести имаше во САД со барање за прекин на огнот во Газа, при што полицијата ги разби демонстрациите и апсеше на различни локации.

Луѓето на мост во Сан Франциско, Калифорнија, протестираа за поддршка на Палестинците во Газа. Околу 200 луѓе го блокираа, а најмалку 50 лица беа уапсени откако демонстрантите формираа човечки синџир меѓу возилата.

Ваквите демонстрации избија откако недамнешните анкети покажаа дека американската јавна поддршка за Израел паѓа, додека властите на Хамас во Газа во петокот соопштија дека повеќе од 12.000 Палестинци, главно цивили, меѓу кои жени и деца, биле убиени откако Израел му објави војна на Хамас во октомври.

Во петокот, њујоршката полиција уапси пропалестински поддржувачи кои упаднаа во седиштето на „Њуз корп“, медиумската компанија која е сопственик на каналот „Фокс Њуз“, како и весниците „Волстрит журнал“ и „Њујорк пост“

Десетици демонстранти се собраа во фоајето на „Њуз Корп“, извикувајќи „Срамота“ и „Фокс њуз, веќе ништо не можеш да сокриеш“. Вашите лаги го прикриваат геноцидот“.

Демонстранти беа уапсени и во Њујорк, откако го блокираа влезот во зградата на седиштето на BNI Mellon, корпоративна инвестициска компанија за која рекоа дека има удел во снабдувањето со оружје на израелските одбранбени сили (ИДФ).

Повеќе протести се очекуваат во текот на викендот во Њујорк, Чикаго и другите поголеми градови во САД.

Најмалку 90 демонстранти беа повредени за време на демонстрациите во четвртокот во Вашингтон на Капитол Хил.

Демонстрациите против израелските воздушни напади и воените операции во Газа продолжија низ целата земја, со десетици илјади учесници.

Последните активности доаѓаат во време на пад на американската јавна поддршка за Израел во текот на изминатиот месец, објави Ројтерс, повикувајќи се на анкета на јавното мислење.

Според анкетите на Ројтерс/Ипос, мнозинството Американци сметаат дека Израел треба да склучи примирје. Околу 68 отсто од испитаниците рекле дека се согласуваат дека „Израел треба да склучи примирје и да се обиде да преговара“.

Генерално, повеќето испитаници велат дека повеќе ги фаворизираат Израелците отколку Палестинците.

Текстот Протести во САД: Пропалестински поддржувачи блокираа мост и упаднаа кај зградата на „Фокс Њуз“, уапсени 50 лица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top