Протести низ САД под слоганот „Подалеку од нашите тела“ – демонстрантите бараат заштита на правото на абортус

пред 2 години

Демонстрантите се собраа ширум САД во вторникот и протестираа под слоганот „подалеку од нашите тела“, барајќи заштита на правото на абортус, откако во јавноста стигна нацрт-одлуката на Врховниот суд со која може да се укине правото на абортус, пренесува Телеграф.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Ако Врховниот суд ја поништи пресудата од 1973 година, тоа би значело дека абортусот нема да биде дозволен во околу половина од сојузните држави.

Неколку илјади луѓе се собраа на митингот за правото на абортус во Њујорк, а протести се одржаа и во Вашингтон, Атланта, Чикаго, Денвер, Лос Анџелес и Сиетл, објави Ројтерс.

Од Врховниот суд потврдија дека нацртот што го објави порталот „Политико“ е автентичен, но посочија и дека нацртот не претставува судска одлука или конечен став на кој било член за прашањата во тој случај, пренесува Телеграф.

Share
Scroll to Top