Пукање во синџир продавници во Америка, две лица загинаа

пред 2 години

Две лица загинаа, а тројца се ранети во престрелки во четири продавници 7-Елевен во Јужна Калифорнија, соопштија денеска американските власти.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Најмалку три од четирите престрелки, кои се случија рано наутро во понеделникот, се верува дека се поврзани со истиот вооружен маж, пренесува АП.

Пукањето најверојатно се случило по грабежи или обиди за грабежи во четири продавници пред зори на 11 јули, денот кога брендот ја слави својата деловна годишнина и дава бесплатни пијалоци.

– Нашите срца се со жртвите и нивните најблиски. Собираме информации за оваа страшна трагедија и соработуваме со истражните органи – се вели во соопштението на компанијата.

Полицијата се уште не го утврдила мотивот за престрелките во градовите Риверсајд, Санта Ана, Бреа и Ла Хабра.

„Мислам дека единственото лице кое може да одговори на тоа е осомничениот“, рече портпаролот на полициската управа на Риверсајд, каде што првото пукање се случи два часа по полноќ.

Второто пукање се случило околу 03:20 часот наутро на околу 40 километри во Санта Ана.

Полицајците одговориле на пријавеното пукање во 7-Елевен во тој град и нашле мртов маж на паркингот.

Портпаролката на полицијата во Санта Ана рече дека насилството се чини дека вклучува обид за грабеж.

Лопез додаде дека детективите веруваат дека осомничениот за убиството на Санта Ана е истата личност која потоа патувала 20 километри до Бреа, каде што вработениот во 7-Елевен бил пронајден мртов околу 4:18 часот.

Надзорните фотографии објавени од полицијата на Бреа на социјалните мрежи го покажуваат осомничениот, маскиран маж облечен во црн дуксер со качулка, пренесуваат медиумите.

Share
Scroll to Top