Тројца полицајци загинаа, а четвртиот е ранет во престрелка којашто се случи рано изутринава во централна Франција. Француската полиција потврди дека тројца полицајци биле убиени во престрелката што се случила во централна Франција и дека уште еден припадник на полицијата е ранет, пренесува Ројтерс.
Претходно, АФП објави на Твитер дека полицајците одговориле на повикот поради семејно насилство и дека 48-годишен маж пукал кон нив кога се обиделе да спасат жена, пренесува Ројтерс. Мажот потоа ја запалил куќата. Жената побегнала на покривот, а според извештаите на медиумите, сега е безбедна.
Полициската акција е во тек.