Се очекува претставници на САД да дојдат во Москва во првата половина од следната недела на разговори за завршување на војната во Украина, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Тој зборуваше на крајот од посетата на Бишкек, главниот град на Киргистан.
Путин рече дека руската страна ќе ја претставуваат претставници од Министерството за надворешни работи и од претседателскиот кабинет, додавајќи дека меѓу нив ќе бидат и неговите помошници Владимир Медински и Јуриј Ушаков.
„Разговорите ќе се однесуваат на исклучително големи и сложени прашања, а секое прашање има клучно значење“, нагласи тој.
Според информациите од Кремљ, Стив Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, се очекува во Москва следната недела. Путин и Виткоф досега се сретнаа во неколку наврати.
Путин уште еднаш јасно стави до знаење дека Русија треба да има целосна контрола врз целиот регион Донбас во Украина пред прекинот на огнот.
Фото: ЕПА
Текстот Путин: Американска делегација доаѓа во Москва следната недела на разговори за војната во Украина е превземен од МАКФАКС.






