Путин: Да се ​​стави крај на насилството во израелско-палестинскиот конфликт

пред 3 години

Рускиот претседател Владимир Путин повика денес да се стави крај на насилството од двете страни во израелско-палестинскиот конфликт и да се изнајдат начини за решавање на ситуацијата.

„Последниве денови, сведоци сме на остра ескалација на Блискиот Исток, и сите сме свесни за тоа и со загриженост го следиме развојот на ситуацијата во тој регион“, рече Путин на церемонијата на приемот на акредитивните писма од странските амбасадори, пренесува руската агенција ТАСС.

Претседателот на Русија изјави дека избувнувањето на конфликтот меѓу Палестинците и Израелците веќе резултирало во голем број цивилни жртви, вклучително и деца.

Путин се осврна и на ситуацијата во светот, наведувајќи дека падот на структурата за контрола на оружјето, терористичките активности и сајбер-безбедносните проблеми, покрај пандемијата на коронавирус, ја комплицираат глобалната ситуација.

„За жал, глобалната состојба е сè уште нестабилна и продолжува да се влошува. Сфаќаме дека пандемијата на коронавирус не е единствената причина, иако таа веќе ни нанесе голема штета на сите нас, одземајќи милиони животи и поттикнувајќи длабоки промени во сите области на активност“, истакна Путин.

Според него, прашањето за падот на структурата за контрола на оружјето не е помалку алармантно, тероризмот повторно се буди, додека прашањето за меѓународната сајбер-безбедност е сè поприсутно“.

Путин исто така рече дека официјална Москва е подготвена да комуницира со сите земји и да гради заемно корисна соработка врз принципите на еднаквост и немешање.

Share
Scroll to Top