Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден, ќе разговараат во вторник на 7 декември, соопшти Кремљ.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската новинска агенција Интерфакс изјави дека Путин и Бајден ќе разговараат преку видео повик.
Како што пренесува „Ројтерс“, Бајден и Путин ќе разговараат за ситуацијата во Украина, како и за билатералните односи и спроведувањето на договорите постигнати за време на средбата на двајцата лидери во Женева во јуни оваа година.