Путин и Џинпинг ќе разговараат за „агресивната реторика“ на НАТО и САД

пред 2 години

Портпаролот на Крем, Дмитриј Песков денеска изјави дека теми на утрешниот видео разговор меѓу претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, ќе бидат меѓународните прашања и енергијата.

„Ситуацијата на меѓународно ниво, особено на европскиот континент, е многу, многу напната и, се разбира, бара разгледување меѓу сојузниците – Москва и Пекинг. Гледаме многу, многу агресивна реторика и од НАТО и од Соединетите Американски Држави,рече Песков, пренесе РИА Новости.

Путин и Џипинг ќе разговараат утре преку видео конференција. Како што претходно беше најавено од Кремљ, двајцата лидери ќе ги сумираат резултатите од заедничката работа на развојот на руско-кинеското стратешко партнерство оваа година и ќе разговараат за приоритетите за соработка во иднина.

Share
Scroll to Top