Турската полиција со упатство за нејзините припадници да спречуваат снимање додека се на должност

пред 3 години

Турската полиција им издала упатства на нејзините припадници како да спречат луѓето со паметни телефони да снимаат полицајци на должност, а оние кои не се согласуваат со ваквата одлука наведуваат дека ова прашање треба да се регулира со закон.

Во соопштението, пренесено од турскиот информативен портал „Ода ТВ“, се наведува дека припадниците на полицијата не треба да дозволуваат аудио или видео записи без одобрување додека се на должност, бидејќи тоа ја нарушува нивната приватност и може да доведе до незаконска размена на лични податоци, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Исто така, се наведува дека може да се преземат мерки против луѓето кои ја снимаат полицијата и нејзините активности.

Критичарите на овој потег велат дека одлуката, која е донесена од седиштето на турската полиција како инструкција, е незаконска и ќе го отежне откривањето на повредите на слободите и правата на граѓаните на демонстрации или други настани каде што интервенираат полициските служби.

Адвокатот Мехмет Дуракоглу, шеф на Адвокатската комора во Истанбул, го критикуваше овој потег и рече дека ова прашање треба да се регулира со закон, а не со полициски акт.

Share
Scroll to Top