Путин: Написите за труењето на Навални се дело на американските специјални служби

пред 3 години

Рускиот претседател Владимир Путин го започна своето обраќање на големата прес-конференција, која традиционално ја одржува на крајот на секоја година. Оваа година, поради пандемијата на коронавирусот, настанот се одржува преку видеоврска.

На прашањето за труењето на рускиот опозиционер, рускиот лидер истакна дека никому не му е потребно труењето на Навални.

„Сопругата (на Навални) ми се обрати и јас веднаш наредив да го пуштат на слобода (да замине на лекување во Германија)“, потсети претседателот.

Според шефот на државата, написите за труењето на Навални не се истрага, туку објавување материјали од американските специјални служби, чија цел е да го нападнат првиот човек на Русија.

Share
Scroll to Top