Путин: Нема да ги мобилизираме Русите да се борат во Украина

пред 2 години

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нема да испраќа регрути и резервисти да се борат во Украина и дека офанзивата ја воделе „професионалци“ кои извршуваат „зададени задачи“.

-Сакам да нагласам дека војниците кои служат воен рок не учествуваат и нема да учествуваат во војната. Нема да има ниту мобилизација на резервниот состав – рече Путин во говорот на телевизија по повод 8 март, Меѓународниот ден на жената.

– Поставените задачи ги извршуваат само професионални војници. Сигурен сум дека тие успешно му гарантираат безбедност и мир на рускиот народ – додаде Путин.

Ова не е прв пат рускиот претседател да изјави дека во воените операции во Украина учествуваат само професионални војници и офицери и дека Кремљ не планира да испраќа регрути или резервисти.

Снимките прикажани минатата украинска телевизија покажуваат заробени многу млади руски војници кои не биле информирани дека одат во борбена мисија.

Бројните гласини ги принудија Русите да се плашат од мобилизација и воведување вонредна состојба.

Share
Scroll to Top