Путин нема несакани ефекти по примањето вакцина против Ковид-19

пред 3 години

Рускиот претседател Владимир Путин не чувствува никакви несакани ефекти откако е вакциниран со првата доза вакцина против Ковид-19, изјави пред новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Претседателот нема несакани ефекти, тој се чувствува добро и добро ја поднесе вакцината“, рече Песков, пренесе ТАСС.

Путин беше вакциниран пред два дена, но не е објавено која од трите одобрени руски вакцини ја примил.

Кремљ претходно соопшти дека сите три руски вакцини против Ковид-19 се безбедни и ефикасни.

Share
Scroll to Top