Путин: Неопходно е да се размисли како да се запре трагедијата во Украина, Русија никогаш не ги одбила мировните преговори

Путин: Неопходно е да се размисли како да се запре трагедијата во Украина, Русија никогаш не ги одбила мировните преговори

пред 12 месеци

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пред групата Г-20 водечки светски економии изјави дека е неопходно да се размислува како да се запре трагедијата на војната во Украина и дека Москва никогаш не одбила да учествува во мировните преговори со Киев.

Обраќајќи им се на лидерите на земјите членки на Г-20 за прв пат од почетокот на војната, Путин се осврна на говорите на некои лидери кои рекоа дека се шокирани од руската агресија во Украина.

„Да, се разбира, воените дејствија секогаш се трагедија“, рече Путин на виртуелниот состанок на групата Г-20, што беше свикан од индискиот премиер Нарендра Моди, актуелниот претседавач.

„И секако, треба да размислиме како да ја запреме оваа трагедија. Патем, Русија никогаш не ги одбила мировните преговори со Украина“, додаде Путин.

Висок руски функционер вчера изјави дека Москва не може да коегзистира со актуелната влада во Киев и дека ќе продолжи со, како што ја нарекува, специјална воена операција за демилитаризација на Украина, според написите на медиумите во регионот.

Путин не учествуваше на претходните самити на Г-20 во Њу Делхи оваа година и Нуса Дуа минатата година, каде што го испрати министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Во 2021 и 2020 година рускиот претседател им се обрати на учесниците на состаноците на самитот од Москва. Последен пат тој лично присуствуваше на собирот на групата Г-20 во јапонскиот град Осака во 2019 година.

Текстот Путин: Неопходно е да се размисли како да се запре трагедијата во Украина, Русија никогаш не ги одбила мировните преговори е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top