Путин не постигна ништо – најмалку 24.000 руски војници се повлекоа од Киев и Чернихив

пред 2 години

Американското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили целосно се повлекле од областите Чернихив и Киев.

– Руските сили кои беа во близина на Киев и Чернихив целосно се повлекоа од тие области со цел да се консолидираат и повторно да се подготват во Белорусија и Русија. Путин не успеа да постигне ниту една од своите стратешки цели. Единственото нешто што успеа да направи е да ја преземе контролата врз помалите места. Русите не го зазедоа Харков – изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

Инсистирајќи на анонимност, висок функционер на Пентагон рече дека руските сили би можеле да се вратат во Киев, но дека не е јасно дали војниците што заминале таму ќе се вратат.

Според водечките луѓе во Вашингтонскиот институт за проучување на војната, руските војници кои се повлекле од околината на Киев „тешко дека ќе ја вратат борбената готовност во блиска иднина“.

Претставник на Пентагон додаде дека од 130-те руски баталјони испратени во Украина, повеќе од 80 се уште се во земјата.

АП објави дека најмалку 24.000 руски војници се повлекле, цитирајќи официјален претставник на американската одбрана.

Share
Scroll to Top