Путин останува во изолација

пред 3 години

Рускиот претседател Владимир Путин се чувствува одлично, но ќе продолжи да работи во самоизолација оваа недела, изјави неговиот портпарол Дмитриј Песков.

„ Се чувствува одлично и продолжува да работи. Сепак, настаните оваа недела главно ќе се одржуваат во режим на видео конференција”, изјави портпаролот на рускиот претседател за работниот распоред на рускиот претседател.

Путин е во самоизолација од пред шест дена поради случаите на Ковид-19 во неговата околина, објави Кремљ. Како што рече тогаш Песков, рускиот претседател е апсолутно здрав и е во изолација од превентивни причини.

Share
Scroll to Top