Путин донесе одлука да одговори на украинската инвазија на Курск, тврдат Русите

Путин повика да се спречи можна дестабилизација на ситуацијата во Заедницата на независните држави

пред 10 месеци

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е неопходно да се спречи можна дестабилизација на ситуацијата во Заедницата на независните држави (ЗНД).

Путин ова го изјави во писменото обраќање што го прочита директорот на Службата за надворешно разузнавање (СВР) на Руската Федерација, Сергеј Наришкин, на 20. состанок на шефовите на безбедносните агенции и разузнавачките служби на деветте поранешни советски републики.

„Денес, во тешки геополитички услови, вашата конструктивна интеракција е особено важна“, посочи рускиот лидер и оцени дека за да се одржи стабилна ситуација во регионот, неопходно е да се идентификуваат и анализираат заканите за колективната безбедност, да се разменат информации и искуства, пренесува „Известија“.

Текстот Путин повика да се спречи можна дестабилизација на ситуацијата во Заедницата на независните држави е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top