Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата по самитот со неговиот американски колега Џозеф Бајден рече дека преговорите биле „добри“.
Како што рече, Русија и Америка покажале подготвеност да најдат начин да ги решат сегашните проблеми, објави „Спутник“.
Според него, постигнат е договор за иницирање консултации за прашањето за стратешка стабилност на институционално ниво. Исто така, беше постигнат договор амбасадорите на Русија и САД да се вратат на своите работни места.