Рускиот претседател Владимир Путин со извршен декрет го воспостави „Денот на таткото“ за да ја истакне улогата на мажите во семејството, објави Кремљ.
Шеесет и осумгодишниот Путин, кој има две возрасни ќерки, одлучи да донесе уредба за воспоставување на „Ден на таткото“, кој ќе се слави секоја трета недела во октомври.
Целта на „Денот на таткото“ е да се зајакне семејството како институција, а особено улогата на мажите во воспитувањето на децата, објасни Кремљ.
Уредбата стапи на сила во понеделникот, што значи дека годинава „Денот на таткото“ ќе се слави на 17 октомври.
Русија веќе има повеќе празници во чест на мажите, како што е „Денот на бранителот на татковината“.
Претходникот на Путин како претседател, Борис Елцин, го воспостави „Денот на мајката“ со извршен декрет во 1998 година и тој се слави во последната недела во ноември.
Со интервенција на Путин, дефиницијата за бракот како заедница на маж и жена влезе во рускиот устав. Други форми на семејство, како што се истополовите, не се толерираат во Русија и понекогаш се прогонувани, велат активистите за човекови права.