Путин: Жалам што не ја нападнав Украина порано

Путин: Русија ќе продолжи да работи на формирање мултиполарен светски поредок

пред 8 месеци

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе продолжи да работи со партнерите за формирање мултиполарен светски поредок, како и дека се можни дискусии за безбедносни прашања со западните земји, но под еднакви услови.

„Заедно со партнерите во евроазиската интеграција, со другите центри за суверен развој, ќе продолжиме да работиме на формирање мултиполарен светски поредок, еднаков и неделив безбедносен систем“, рече Путин на церемонијата на инаугурација во палатата во Кремљ.

Тој рече дека Русија била и ќе биде отворена за зајакнување на добрите односи со сите земји.

Русија не го отфрла дијалогот со западните земји, туку дека изборот е нивен, посочи Путин.

„Дали сè уште планираат обиди да го запрат развојот на Русија, да ја продолжат политиката на агресија, притисокот врз нашата земја кој не запира со години или бараат начин за соработка и мир“, рече рускиот лидер на церемонијата на инаугурација. .

Рускиот лидер денеска положи заклетва на церемонијата на инаугурација во Големата палата Кремљ и официјално стана претседател на Русија.

Путин ќе остане на функцијата во следните шест години, до 2030 година, пренесува РИА Новости.

Текстот Путин: Русија ќе продолжи да работи на формирање мултиполарен светски поредок е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top