Рускиот претседател Владимир Путин упати новогодишна и божикна честитка до својот американски колега, Џозеф Бајден, во која посочува дека Русија и САД како земји со посебна одговорност за меѓународната и регионалната стабилност можат и мораат конструктивно да соработуваат.
Путин нагласува дека двете земји мора да вложат напори за решавање на бројните предизвици и закани со кои се соочува човештвото, објави Кремљ, а пренесе аганцијата „Тасс“.
Путин испрати пораки со најдобри желби и до други светски лидери, како што се кинескиот претседател Си Џинпинг, францускиот претседател Емануел Макрон и британската кралица Елизабета Втора.