Пoвеќе од милион луѓе во ЕУ се вакцинираа против Ковид-19

пред 3 години

Повеќе од еден милион луѓе во Европската Унија примиле доза на вакцина против Ковид-19, а најголем број од нив се Данци, Германци и Италијанци, објави АФП.

Од почетокот на вакцинацијата во Европа кон крајот на декември, најмалку 1,1 милиони луѓе или 0,2 проценти од населението на Европската Унија, примиле доза на вакцина произведена од Фајзер и Бионтек. Втората вакцина, произведена од американската компанија Модерна, беше одобрена од Европската унија во средата.

САД досега вакцинирале повеќе од 5,31 милиони луѓе (1,6 проценти од населението), Кина повеќе од 4,5 милиони (0,3 проценти од населението, заклучно со 31 декември), Израел 1,49 милиони луѓе (17,2 проценти) и Велика Британија повеќе од 1,3 милиони (1,9 проценти).Сите овие земји започнаа со вакцинирање пред Европската Унија.

Во Унијата, Германија вакцинирала најмногу луѓе (367.331), потоа следи Италија (272.307), Полска (140.226), Шпанија (139.339) и Данска (63.312), според достапните податоци.Но, кога ќе ја погледне популацијата, Данска вакцинирала најмногу луѓе во Унијата: 1,1 процент од населението. Следат Италија (0,45 проценти), Германија (0,44 проценти) и Словенија (0,43 проценти).

Во тој поглед, тие заостануваат далеку зад Израел (17,2 проценти) и Обединетите Арапски Емирати (8,4 проценти), кои се во водство, а вакцинацијата започна на 19 и 14 декември.

Последни се Франција (со повеќе од 7.000 дози), Австрија (8.360), Бугарија (5.448) и Ирска (4.000), кои вакцинирале помалку од 0,1 процент од нивната популација. Скоро сите земји-членки започнаа вакцинирање помеѓу 26 и 29 декември, освен Холандија, која започна во средата.

Share
Scroll to Top