Продолжува потрагата по работникот од рудникот Грот во Крива Феја, кој синоќа исчезна во јама длабока шест километри кога испадна од работната машина со која управуваше.
„Директорот на рудникот, вечерва, околу два часот, пријавил дека во јама на длабочина од речиси шест километри е повреден работникот Ц. Ш., а потрагата по него сѐ уште трае. Наредено е да се соберат информации, да се извести рударскиот инспектор и да се спроведе истрага, а потоа и консултација со Обвинителството“, информираат од Основното јавно обвинителство во Врање.
Текстот Работник во рудник во Врање падна во јама длабока 6 киломентри, потрагата по него сѐ уште трае е превземен од МАКФАКС.