Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска ја посети Русија и се сретна со рускиот претседател, Владимир Путин.
По средбата, Нехамер рече дека разговорите со рускиот претседател биле многу директни, отворени и тешки.
Тој додаде дека неговата најважна порака до Путин е дека „војната во Украина мора да заврши бидејќи има само губитници од двете страни“.